За докторот
Д-р Игор Неделкоски
Специјалист по неврологија
Д-р Игор Неделкоски е специјалист по неврологија. Од 2024 година работи како специјалист по неврологија во Клиниката Жан Митрев во Скопје, Северна Македонија.
Меѓународно медицинско искуство
Образованието и професионалниот развој на д-р Неделкоски се одвиваат низ три држави. Студиите по општа медицина ги завршува на Медицинскиот Универзитет во Плевен, Бугарија (2005–2011), по што работи во здравствени установи во Бугарија.
Специјализацијата по неврологија ја поминува во Германија, во повеќе клиники: Helios Kliniken Sangerhausen, Main Kinzig Kliniken (Gelnhausen и Schlüchtern), Asklepios Neurologische Klinik во Bad Salzhausen и MediClin Reha-Zentrum во Bad Orb. Тоа вклучува 9 месеци на интензивно одделение и една задолжителна година на одделение за психијатрија. Во 2022 година го положува испитот за специјалист по неврологија.
Од 2024 година професионалната дејност ја продолжува во Скопје.
Јазици и членство
- Странски јазици: германски, англиски, српски, бугарски.
- Членство: Член на лекарска комора – Германија.